еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Галерија) „Technicolor“: Нова капсулна колекција на Росица Мршиќ

Модната дизајнерка Росица Мршиќ создаде капсулна колекција која ја одразува нејзината визија за потребите на времето кое го живееме: топла, опуштена, секојдневна, а во исто време колекција со изразен дизајнерски импулс.

Колекцијата е лесна за носење во текот на целиот ден, без сезонска, со можност да се комбинира и прилагодува на индивидуалните потреби.

Со естетика, која освен што е изразена и препознатлива, е крајно практична во секојдневието.

Колекцијата е карактеристична по нејзиниот специфичен потпис: скулптурален пристап кон градење на женствена силуета на необично убав начин со предизвик да се деконструира класичното и создаде различен изглед претставен со нов визуелен јазик.

Дизајнирано со современа, графичка и чиста естетика, секое парче е внимателно создадено со фокус кон детаљите, и со употреба на контраст во изборот на бои и волумен за постигнување на чувство на комфор.

Новина во дизајнирање на колекцијата е вметнување на автентичен дизајнерски принт на материјалите од кои е изработена колекцијата, како и модни додатоци кои се печатени со авторскиот принт.

Дизајнерката верува во ставот дека мора да постои креативен предизвик при создавање на секоја нова колекција, за творењето да биде оправдано. Предизвикот е изразен преку експериментирање со кроеви, употреба на бои, материјали и истражување на нови естетски изразувања.

На тој начин се постигнува вредност на секое модно парче и колекција; да биде визуелно и естетски потврдено и со долготрајна актуелност.

Облеката што се дизајнира и изработува е резултат на искуството и ставот на дизајнерот, а брендот Росица Мршиќ секоја сезона создава мали, внимателно креирани, лимитирани серии со минимално влијание врз животната средина.

Росица Мршиќ е интернационално етаблирана модна дизајнерка и бренд со современ, софистициран и деликатно скулптурен стил. Основан во 2009 година, Росица Мршиќ е меѓу првите македонски брендови кој работи по принципот на одржлива и бавна мода, и создава автентични модни колекции и модни додатоци.

Нејзината естетика е препознатлива по смелиот, но женствен потпис со прецизна изработка и софистициран изглед, претпочитан од следбеничките на иновативната и безвременска естетика.

Фотографии: AniDimi Photography

Модел: Сандра Алекс

MUA: Зорица Николова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Билјана Јовановска разрешена од директорската функција во Пензискиот фонд, местото ќе и припадне на Алтернатива

Редакција

(Фото) Кој дојде на прославата на СДСМ: Ковачевски сечеше торта за 31. роденден на партијата

Редакција

Активни осум пожари во Македонија, под контрола еден

Редакција