еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска променливо облачно, студено и ветровито

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, на планините со услови за провејување на слаб снег, на југозападот понекаде со слаб дожд.

Попладне ќе биде посончево. Ќе дува засилен, во источните делови и вдолж Повардарието силен северозападен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 60 км/час.

Утринската температура ќе се движи од -2 до 6, а дневната од 3 до 13 степени.

Во Скопје слично време со засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди, а на планините повремено ќе провејува снег.

Утринските температури во четврток и во петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува од сабота попладне.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Професор Трајковски: Луѓе со симптоми на Ковид-19 се тестираат дома и непречено се шетаат наоколу и го расејуваат вирусот

Редакција

Внимание: Бидете внимателни при откривање на адреса, матичен број, податоци од платежни картички… на Интернет

Редакција

Грипот зема замав, 5.660 нови заболени тројца починати

Редакција