еМагазин
Image default
Убава приказна

Прва книжарница на тркала: Нов концепт на промовирање на книжевните вредности

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство информира дека од денеска е побогата за уште една книжарница, но овој пат книжарница на тркала – сосема нов и иновативен концепт, кој ги подигна на друго ниво достапноста на книгите и културата на купување книги.

Новата, подвижна книжарница на „Антолог“ официјално ќе почне со работа денеска, со почеток во 12 часот, на Плоштадот Македонија, а потоа ќе ја менува својата локација низ целата држава, доближувајќи ги сите најактуелни наслови и автори дури и на најнеочекуваните места.

„Одамна размислувавме за можноста што повеќе да ги доближиме книгите до нашите читатели што секојдневно нè следат и нè поддржуваат, особено во оние места каде што за жал бројот на книжарниците и достапноста на книгите се на многу ниско ниво.

Оваа нова и иновативна книжарница на тркала е следната приказна што ја испишуваме и на која сме особено горди. Атрактивната книжарница ќе патува низ целата земја за да биде што поблиску до книгољупците, задржувајќи го сепак оригиналниот уметнички концепт по кој како бренд сме препознатливи.

Покрај богатиот асортиман на домашна и преводна литература за сите возрасти, идејата е и да прерасне во атракција што ќе обединува книжевни настани, промоции, средби и гостувања на автори“, велат од „Антолог“.

Од таму додаваат дека на нивниот сајт www.antolog.mk, како и на нивните профили на социјалните мрежи редовно ќе ги објавуваат програмата на книжарницата на тркала и локациите на кои таа може да се најде во моментот.

Исто така, имајќи предвид дека целта на оваа книжарница е да ги исполнува желбите на читателите – секојдневно ќе бидат отворени за предлози на места што треба следни да ги посетат.

Во новата книжарница на тркала на „Антолог“ ќе бидат достапни огромен број наслови од поновата продукција на оваа издавачка куќа, а од денеска само во оваа книжарница ќе може да се набават и три најнови изданија, тукушто излезени од печатница: долгоочекуваната „Умешноста да ја креирате вашата реалност“ на Ана Бучевиќ, новата книга „Мечкоград“ од мегапопуларниот автор Фредрик Бакман, како и емотивниот роман „Измиен грев“ од Сара Омар.

За време на првиот официјален работен ден на книжарницата на тркала на плоштадот во главниот град, сите книги ќе се продаваат по намалени цени, а организаторите најавуваат и голема наградна игра, како и гостување и потпишување книги на многу домашни автори, меѓу кои и годинешниот добитник на Роман на годината и кандидат за наградата „Балканика“, Владимир Јанковски.

„Бидејќи во животот секој ред е важен – со храбри нови зборови, да создаваме прекрасни нови светови!“, порачуваат од „Антолог“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Започна снимањето на филмот „Касапско оро“: Политички трилер кој ветува визуелна и емотивно моќна приказна

Редакција

(Галерија) Брендот ТиноСки веќе можете да го најдете во нов арт простор во Дебар Маало

Редакција

Младенците Елена и Стојан Спасевски донираа пакети школски прибор, ги замолиле гостите, место цвеќе да донесат училиштен прибор

Редакција