еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Европската комисија ги откри деталите за предлогот: Само вакцините одобрени во ЕУ ќе се прифатат во сертификатите за патување

Европската комисија (ЕК) го обелодени долгоочекуваниот предлог за дигитални зелени сертификати со кои треба да се олесни патувањето на граѓаните во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Како што се очекуваше овие сертификати ќе ги прифаќаат само вакцините одобрени од ЕУ регулаторите, односно Европската агенција за лекови (ЕМА).

Во предлогот се објаснува дека за да може граѓанин да влезе во земја на ЕУ со доказ за вакцинација, вакцината мора да биде од тие што добиле авторизација за влез на пазарот во ЕУ, но земјите членки имаат опција да прифатат сертификати за вакцинација поврзани за други вакцини.

Предлогот ќе се најде на масата на земјите членки кои ќе разговараат за овие мерки.

Конкретно Европската комисија предлага да се воведат дигитални зелени сертификати кои ќе ги содржат следните информации: име, презиме, датум на раѓање, која земја членка го издава сертификатот и единствен број за идентификација.

Покрај тоа документот ќе содржи дали и со која вакцина е вакцинирано лицето. Во случај на невакцинирани лица, сертификатот ќе содржи информации за типот на тест за Ковид-19, на кој ден и во колку часот е направен, во кој центар за тестирање и резултатот од тестот.

Третата опција за патување е во сертификатот да стои дали лицето прележало Ковид-19, со датум за позитивниот тест.

Документот ќе постои во дигитална форма или на хартија во зависност од изборот на патникот.

За да стапи на сила овој предлог за сертификати земјите членки и Европскиот Парламент треба да ги одобрат. Европската комисија изрази надеж дека тоа ќе биде сторено пред летото за да може непречено да се одвива туристичката сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што доживеавме, ЕУ да не дискриминира за вакцини

„Њујорк тајмс“: Вакцинацијата во ЕУ е во целосна збрка

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Графикон) 44,9 години е просекот на возраста на заболените со коронавирусот во Македонија

Редакција

Зголемување за 19,3%: За една недела 2.676 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Редакција

„Северномакедонски“ срам на саемот за храна во Берлин

Редакција