еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Северномакедонски“ срам на саемот за храна во Берлин

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираа дека е поправена техничката грешка со рекламниот банер поставен на македонскиот штанд на саемот за храна и земјоделство „Зелена недела“ во Берлин.

Сега на истиот пишува македонска, наместо „северномакедонска“ кујна.

Од Министерството се обидоа да ја маргинализираат грешката, и најавија интерна истрага за истата, која за жал не ни се случува за прв пат (и други министерства изминатиов период направија грешки со придавката „северномакедонски“), а најверојатно не и за последен пат, во осетливо време кога на странците и не им е баш јасно кој сега живее во Македонија, која доби ново име, Македонци или „Севрномакедонци“.

Ако ние самите не знаеме кои сме, тогаш нема потреба да им се лутиме на тие кои намерно или од незнаење ги мешат работите.

Според Министерството, првичниот банер на кој пишуваше „северномакедонска“ кујна бил предлог на компанијата „Кадино“, (која не преставува на саемот), од каде дизајнот бил препратен до организаторот на саемот, а грешката била направена при преводот.

Голем знак прашалник е дали ќе имаше воопшто рекција на Министерството и смена на банерот ако македонската јавност не дознаеше за овој срам од Фејсбук статус на нашинец кој живее во Берлин, кој видно разочаран од “утката“, но и како е преставена неговата земја, своето искуство го сподели на социјалните мрежи.

Сосема друга тема е како пак Македонија се преставува на вакви значајни саеми. Како се избираат компаниите кои не преставуваат, како се презентира македонската храна и култура…

Тоа е лекција која се уште не сме ја научиле, иако е многу лесна и едноставна и после Цацко ни е крив.

Фото: МЗШВ/Фејсбук/Зоран Стефановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца судии поднесоа оставки од Судскиот совет

Редакција

Парите не се за плати: Планинската спасителна служба при Црвен Крст Охрид го демантира градоначалникот Георгиески

Редакција

Боки се налути за снимките на Кичеец, ќе ја отвори ли Пандорината кутија?

Редакција