еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тројца од обвинетите ја признаа вината за насилните протести за пресудата за „Монструм“

Тројцата обвинети Шабан Весели, Бехар Далити и Бесар Калиси за насилните протести за пресудата за предметот „Монструм”, на денешното прво судско рочиште ја признаа вината.

Судијата Марин Станевски наведе дека за обвинетиот Бесим Касами ќе се издвои постапката поради неговата влошена здравствена состојба.

Исто така постапката ќе биде издвоена и за Суља Башким, бидејќи не е достапен за органите за прогон.

Следното рочиште за обвинетите Артон Садики и Фабио Идризи, кои, како што се изјаснија, не се чуствуваат виновни, ќе продолжи на 31 март.

На денешното рочиште ќе продолжи постапката за обвинетите кои го признаа делото.

Скопското обвинителство кое го застапува случајот обвинетите ги товари за кривичното дело „Учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик”.

Според одредбите од овој член обвинетите може да се казнат од шест месеци до пет години казна затвор.

Судењето за настаните на 26 февруари во Скопје го води судијата Марин Станевски, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Демирова – Панајотова.

Според Обвинителството, обвинетите на 26 февруари, како учесници на јавниот собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот „Монструм“, биле дел од толпата која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица.

Обвинетите и други засега непознати лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон.

Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР склучи договор со Доајен дата систем Мирослав вреден 441,3 илјади евра

Редакција

Кое од министерствата потрошило најмногу пари за автомобили, „мерцедес“ не купило само МВР

Редакција

(Вознемирувачко видео) Шокантни снимки од Чиле: Војската пука во демонстранти

Редакција