еМагазин
Image default
Локално

Скопјанец телесно ги повредил родителите оти не добил пари за роденден, Обвинителство бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Во семејниот дом на улица „Њуделхиска“, на 18 март, осомничениот при вршење семејно насилство телесно ги повредил неговите родители.

Манифестирајќи агресивно однесување затоа што не добил парични средства за роденден, тој започнал со клоци да удира на вратата од собата на неговите родители и насилно влегол внатре.

Најпрвин го нападнал неговиот татко, удирајќи го со тупаници по главата и кубејќи му еден прамен од косата.

Потоа со употреба на физичка сила ја нападнал и сопствената мајка, која пристапила во одбрана на сопругот, удирајќи ја со клоци во главата и во левиот колк.

Од ударите двајцата родители се здобиле со телесни повреди, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.

Во конкретниот случај, наведуваат од ОЈО, постои опасност од криење и бегство, како и можност осомничениот да го повтори делото, па надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР со детали за крвавото убиство во Скопје: Братучед ја заклал додека го бранела сопругот

Редакција

Несекојдневен случај во Кочани: Сопруг ограбил маркет каде што работела сопругата

Редакција

Две девојчиња повредени на роденденска забава во струмичко откако врз нив паднала лулашка

Редакција