еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Несекојдневен случај во Кочани: Сопруг ограбил маркет каде што работела сопругата

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани расчистија „тешка кражба“ извршена ноќта на 18/19.04.2021 од маркет на ул.„Маршал Тито во Кочани, за кое осмничен сторител е А.С., сопруг на вработена во маркетот, информира МВР.

„Осомничениот А.С. ги земал клучевите без знаење на сопругата, влегол во маркетот и од кутија одзел околу 120.000 денари.

Паричните средства се одземени и вратени на сопственикот. Се работи на комплетирање на случајот по што против А.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на ПИОМ за набавка на пикап вреден 13.000 евра

Редакција

Тевдовски до пратениците на СДСМ: Ако го укинете прогресивниот данок не сте социјалдемократи

Редакција

Унгарија, во договор со Романија, Словачка и Бугарија ќе забрани увоз на украинско жито

Редакција