Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека заклучно до денеска до 8 часот, вкупниот број на самопопишани државјани на Македонија изнесува 130.009.
Во изминатите 24 часа, според ДЗС, се попишале нови 8.429 наши државјани.
-Интересот на нашите државјани во странство за искористување на можноста да ги дадат своите податоци во процесот на попишување на дијаспората секојдневно расте.
Оваа активност има извонредно значење и за Република Северна Македонија и за целата дијаспора – после многу години и секакви шпекулации со бројките на иселени државјани, конечно да имаме јасна слика каде се и колку се нашите иселеници за да може да се креираат и насочат соодветни политики за нивна поддршка и овозможување услуги кои им се потребни од својата татковина, се наведува во соопштението од ДЗС.