еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

За неколку дена ново загадување на Дебарско Езеро, овој пат кај Мелнички Мост

Регистрирано е ново загадување на Дебарско Езеро, овој пат кај Мелнички Мост, што е втор случај во последните неколку дена.

Под мостот, кој се наоѓа на патниот правец Дебар – Маврово, кај кракот за Центар Жупа, во водите на Дебарското Езеро била истурена поголема количина на црна леплива материја што наликува на битумен.

Загадувањето во Одделението за внатрешни работи во Дебар било пријавено завчера попладне, по што спроведена е вообичаената постапка, со увид од страна на полициска екипа и јавен обвинител.

За последователното загадување на езерото бил информиран и надлежниот инспектор за животна средина во Гостивар, кој за МИА потврди дека е запознат, дека се преземаат потребните активности, но детали не соопшти.

Првото загадување беше во саботата, кога во езерските води кај месноста „Венец“, во близина на градската плажа беше излеана темна супстанца, за која се сомнева дека е мазут.

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информираше дека на 20 март до надлежниот инспектор во Гостивар била доставена информација од полицијата за излевање на темна супстанца во Дебарско Езеро, која предизвика угинување на жив свет во езерските води.

Со цел навремено обезбедување доказен материјал, инспекторот дал насоки на полицијата за правилно земање на мостри од езерото и од соодветни локации долж канализациската мрежа.

Земањето примероци, било спроведено во текот на денот.

Откако е излезено на терен подготвен е предмет кој е доставен до Основното јавно обвинителство во Дебар.

За делото опишано во Кривичниот законик во член 218 „загадување на животната средина и природата“, предвидена е казна затвор во траење од четири до десет години или парична казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По излевањето на мазут: Истрага за загадувањето и угинувањето на жив свет во Дебарското Езеро

(Фото) Дебарскот пазар без пазарџии и купувачи, движењето намалено на минимум и во Центар Жупа

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џамија во Арачиново доби подарок комбе од Агенцијата за управување со одземен имот

Редакција

Дури 22 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција

Нови 182 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје 107

Редакција