еМагазин
Image default
Бизнис

Лани имало 73.061 активни фирми, за 3,8% помалку во однос на 2019

Бројот на активните деловни субјекти во државава во 2020 година изнесува 73.061 и во однос на 2019 година е намален за 3,8 проценти.

Најмногу се намалил бројот на активните деловни субјекти во секторот Други услужни дејности (15,2 проценти, односно за 911 субјекти) и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (11,6 проценти, односно за 26 субјекти), објави денеска Државниот завод за статистика.

Во 2020 година, во однос на претходната, секторот Дејности на здравствена и социјална заштита бележи зголемување на бројот на активни деловни субјекти за 1,9  проценти, а секторот Информации и комуникации бележи пораст од 1,4 проценти.

Податоците за структурата на активните деловни субјекти по сектори на дејност покажуваат дека во 2020 година најголемо учество имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; Поправка на моторни возила и мотоцикли со 30,4 проценти и Преработувачка индустрија со 11 проценти.

Најмала застапеност имаат секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (0,3 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (0,3 проценти), Рударство и вадење на камен (0,3 проценти) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (0,4  проценти).

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 82,1 процент имаат деловните субјекти со еден до девет вработени.

Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број вработени (без податок за вработени) со 8,3 проценти, па субјектите со 10 до 19 вработени со 4,4 проценти, потоа субјектите со 20 до 49 вработени, чие учество изнесува 3 проценти, со 1,9 проценти учествуваат субјектите со 50 до 249 вработени и само 0,3 проценти од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нé чека економски тешка, но година со добри берзански можности, вели директорот на Капитал Ассет Менаџмент, Костадиновски

Редакција

Продаден блок акции од Комерцијална банка за 54.000 евра

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на болницата во Кавадарци за набавка на масло за горење вреден 180.000 евра

Редакција