еМагазин
Image default
Македонија

Во наставата со физичко присуство има 76 ученици и 123 наставници активни на Ковид-19

Седумдесет и шест ученици и 123 наставници од наставата со физичко присуство се активни на коронавирусот, согласно вчерашните извештаи од училиштата, информираат за МИА од Министетството за образование и наука (МОН).

– Хибридниот модел на настава резултира со помалку од 1 процент активни случаи на Ковид-19 од наставниците и учениците кои се со физичко присуство.

Во сите училишта каде што има позитивни случаи во наставата со физичко присуство се постапува навремено, согласно протоколите и алгоритмите, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштитат останатите ученици и учесници во образовниот процес.

Доколку, пак, има проценка од епидемиолозите дека наставата треба да продолжи онлајн, се презема таква мерка од страна на училиштето во координација со родителите, велат од МОН.

Министерството за образование и наука додава дека дневно ја следи состојбата со вирусот во училиштата со цел да се заштитат сите наставници и ученици и да се овозможи непречен образовен процес.

Од Министерството посочуваат и дека наставата во основните и средните училишта се одвива согласно Планот и протоколите за организирање на учебната година одобрени од Комисијата за заштита на заразни болести и дека тие доследно се почитуваат и затоа овој модел на образование продолжува да се применува.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ

Редакција

(Видео) Апсења во Арачиново, Синѓелиќ, Карпош, Кисела Вода и Шуто Оризари за трговија со дрога и оружје

Редакција

Детали за случајот со киднапирањето на македонскиот државјанин во Тирана

Редакција