еМагазин
Image default
Македонија

Заев смета дека сме во предност што вакцините доцнеле, барем сме знаеле дека се безбедни

Премиерот Зоран Заев смета дека нашата држава е во предност, бидејќи се доцни со вакцини, бидејќи ете ќе знаеме дека се безбедни.

„Има една предност што сме, така да кажам, земја со задоцнување со вакцините. Земјите членки на ЕУ почнаа пред нас и можевме да согледаме предности и слабости, а од тоа може да извлечеме единствена констатација дека вакцините се здрави, треба да ги користиме сите,“ рече Заев.

Тој верува дека ќе се испочитува редоследот кој е даден од страна на Комисијата за заразни болести, а тоа се, покрај здравствените работници, повозрасните луѓе, хронично болните.

„Тука се приоритетите на попишувачите кои треба да тргнат. Секако дека треба да водиме грижа за нашата полиција, војска, тоа се секако групи, но понатаму, согласно она што значи препорака од страна на здравствените комисии, да го следиме тој процес и да бидеме одговорни“, рече Заев.

Тој се надева дека ќе има голем одзив од населението за имунизација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците викендов во „поход“ на Србија за вакцинација против Ковид-19

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час ќе важи до 1 јуни, одлучи Владата

Редакција

Убава вест: Оздравени 507 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Досега не е поднесена жалба против решението за упис на основање на здружението „Иван Михајлов“, велат од Централен регистар

Редакција