еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонците викендов во „поход“ на Србија за вакцинација против Ковид-19

Заедно со македонски бизнисмени, за кои се обезбедија вакцини против Ковид-19 со помош на Стопанската комора на Србија, викендов во Србија ќе се вакцинираат и бројни македонски граѓани, кои немаат српско државјанство, а се пријавиле преку официјалната страна на српскиот Институт за јавно здравје.

Во текот на вчерашниот ден голем број македонски граѓани кои се пријавиле за вакцинација во Србија добија повици да заминат во Србија за вакцинација, преку СМС пораки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мој Београде, вакцинирај ме“: Твитер реакции за масовната вакцинација на Македонци во Србија

„Вакцинирајте се во Србија ама вратете се за попис“: Твитер реакции

Српската влада направи повеќе за вакцинацијата во Македонија, отколку нашата

Бизнисмените, според најавите ќе се вакцинираат утре и во недела во Ниш, а граѓаните на саемот во Белград.

И бизнисмените и граѓаните е предвидено да се вакцинираат со вакцините на „АстраЗенека“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

24.000 вакцини „АстраЗенека“ ќе пристигнат во недела преку КОВАКС системот

Зошто фама околу вакцините „АстраЗенека“: Дали се во прашање и бизнис интереси?

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пријавите за експлозивни направи во девет скопски училишта се лажни

Редакција

Проф. Трајковски: Досега од Ковид-19 е изгубено население колку еден град со големина помеѓу Гевгелија и Радовиш

Редакција

ССНМ и ЗНМ: „Несмасна“ пракса на истражните органи во случаи со новинари

Редакција