еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пријавите за експлозивни направи во девет скопски училишта се лажни

Лажни се пријавите во деветте училишта во Скопје за поставена експлозивна направа, информираа вечерва од Министерството за внатрешни работи.

– Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле мејл со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се наведува во соопштението од МВР.

Пријави за поставена бомба денеска добија девет скопски училишта, а дојава за поставена бомба имаше и вчера во осум скопски средни училишта.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аргентина по трет пат светски првак во фудбал

Редакција

(Видео) Српските власти го откажаа Европрајд, во Белград се маршираше за „спас на децата и семејството“

Редакција

СДСМ го задржува бројот на министри, имаме поголемо парламентарно мнозинство, велат од партијата

Редакција