еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Аргентина по трет пат светски првак во фудбал

Аргентина трет пат во историјата стана светски првак во фудбал совладувајќи го вечерва во спектакуларно финале во Лусаил бранителот на трофејот Франција на пенали со 4-2 (2-2, 2-0).

За Аргентина, која го играше своето шесто мундијалско финале, ова е прва светска титула по пауза од 36 години, а нејзиниот капитен Лионел Меси дојде до единствениот трофеј што му недостасуваше во неговата блескава кариера.

Аргентинците комплетно доминираа во првиот дел и поведоа во 23. минута преку Лионел Меси од пенал, откако претходно Усман Дембеле го фаулираше Ди Марија.

Само 13 минути подоцна Ди Марија го удвои водство на асистенција на Алексис Мек Алистер во акција која од средината на теренот ја започна Меси.

Франција прв пат упати директен удар кон противничкиот гол во 80. минута кога Килијан Мбапе од пенал ја преполови негативата, а само 60 секунди подоцна напаѓачот на ПСЖ го израмни резултатот со својот втор гол на натпреварот.

Меси во 110. минута од продолжението повторно ѝ донесе водство на Аргентина, но Мбапе пет минути подоцна израмни од пенал и стана само втор играч кој постигнал хет-трик од игра во финале на светските првенства.

Во пенал серијата за Аргентина беа прецизни Меси, Дибала, Паредес и Монтиал, додека во францускиот состав реализираа Мбапе и Коло Муани, но аргентинскиот голман го одбрани ударот на Коман, а Чуамени биеше непрецизно од белата точка.

МИА/Фото: Shaun Botterill – FIFA/FIFA via Getty Images/Facebook

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Кои се најголеми увозници на горива во земјава?

Редакција

Илиноис е втора сојузна држава во САД што го прогласи септември за месец на македонското наследство

Редакција

Шест години „еМагазин“: Си пишуваме историја базирана на факти

Редакција