еМагазин
Image default
Македонија

Во велешката болница Инфективното одделение полно, расте бројот на пациенти

Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 75 пациенти, од кои 64 се потврдени позитивни, три сомнителни и осум пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување.

-На кислородна поддршка се 31 пациент, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.

Починат е пациент на 64 годишна возраст, позитивен, од Велес кој е лекуван на Инфективно одделение шест дена.

Инфективното одделение е целосно исполнето и таму се лекуваат 53 пациенти, во Модуларната болница 14 пациенти, а на Интерно одделение осум пациенти.

Инаку вчера беа хоспитализирани 73 пациенти, од кои 60 беа потврдени како позитивни на Ковид-19.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ќе користат „Северна“ само кога тоа го налага законот

Редакција

На Милошоски му застарува делото за „Моќник“, судските трошоци ќе ги платат граѓаните

Редакција

Во градинките досега 33 деца и 109 вработени позитивни на Ковид-19

Редакција