еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Никола Алчев од Муртино освои „Супер милионер џек пот“ вреден 8.442.127 денари

Во Видеолотарија Касинос Аустриа пристигна Никола Алачев од Муртино. Тој е среќен сопственик на  8.442.127 денари, откако го освои вториот Супер милионер џек пот. Добивката е постигната во Спортлајф во Муртино, информираат од компанијата.

Никола Алачев заедно со семејството, пристигна во просториите на Видеолотарија. Видно возбуден и се’уште во неверување за големата среќа, ни ја раскажа својата среќна приказна. Во моментот кога видел дека ја освоил добивката Супер милионер џек пот возбуден го оставил добитниот ваучер кај вработениот во Спортлајф и веднаш излегол малку на воздух, да се соземе.

Никола откри дека од парите планира да си купи стан во Струмица и нов автомобил. Тие ќе му бидат убав спомен дека на 25 март 2021 година, добивката Супер милионер џек пот на Видеолотарија Касинос Аустриа го измени неговиот живот на подобро.

Добивката Супер милионер џек пот во фантастична вредност од 8 до 12 милиони денари се постигнува со учество на ВЛТ игрите на среќа. Првиот Супер милионер џек пот вреден 10.922.768 денари беше освоен во Бет ту мар B2M 057 Трубарево на 15.03.2021.

Едновремено, Државна видеолотарија информира дека популарните Мини и милионер џек пот добивки, остануваат и понатаму среќна опција за нашите играчи и тоа, без промени.

Никогаш не знаете кои се вашето место и време за да станете милионер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирослава Симоновска и Ирена Мулачка ја добија наградата за истражувачко новинарство на ЗНМ, за текстовите за Онкологија

Редакција

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија

Редакција

Учениците од средното угостителско „Лазар Танев“ во иднина би можеле да одат на пракса во Турција

Редакција