еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Учениците од средното угостителско „Лазар Танев“ во иднина би можеле да одат на пракса во Турција

Делегација од  СУГС „Лазар Танев“, предводена од директорката Слаѓана Трпковска Салтирова се сретна со претставници од Министерството за образование на Турција во Бурса, по повод проектот за соработка и збратимување на училиштата „Лазар Танев“ и училиштето во Бурса, „Seht Eroi Olcok Mesleki ve Teknik Anadolu Lisesi“.

„Бев гостин на средното угостителско училиште во една од најголемите општини во Бурса, Османгази во која учат 520 ученици и работат 40 наставници. Целта беше збратимување на училиштата, при што ја договоривме нашата соработка, која се надевам дека ќе вроди плод за сегашните и понатамошните генерации ученици.

Договоривме повторна средба кон крајот на ноември за да ја финализираме соработката. Учениците во иднина би можеле да извршуваат феријална пракса во Турција. Исто така имавме средби и со градоначалникот Сабахатин Ѓулгер од чија што страна бевме пречекани на највисоко ниво.

Се надевам ќе ги доближиме нашите со нивните училишта и ќе добиеме позитивни резулатати од сработката, со што би се подифнал и степенот на образовни кадри во нашето училиште“, изјави за „еМагазин“ директорката на училиштето СУГС „Лазар Танев“, Слаѓана Трпковска Салтирова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Пендаровски со сопругата, вработените во кабинетот и волонтери подготвуваа посно јадење во пресрет на Велигден

Редакција

„Фитофарм“е првата фармацевтска компанија која ќе им даде дополнителни 3 месеци скратено работно време на родителите кои се враќаат од породилно

Редакција

Разбуди го претприемачкиот дух во себе со Lyconet

Редакција