еМагазин
Свет

Сојузната држава Њујорк ќе ја легализира марихуаната за рекреативна употреба

Пратениците на Собранието на американската сојузна држава Њујорк по повеќегодишна дебата се договорија да ја легализираат марихуаната за рекреативна употреба во таа држава.

Лицата над 21 година ќе можат да купуваат марихуана за рекреативна употреба, а ќе биде воспоставен и лиценциртан систем за испорака на производи од канабис до клиентите.

Њујорчани ќе имаат и право да одгледуваат и три зрели и три незрели растенија за лична употреба.

Доколку законот за легализација на марихуаната за рекративна употреба биде усвоен, веднаш ќе стапи во сила, но продажбата ќе може да почне дури за 18 месеци до 24 месеци.

Властите во Њујорк проценуваат дека легализацијата ќе и донесе на сојузната држава приход од 350 милиони долари годишно.

Марихуаната за рекреативна употреба е дозволена уште во 14 други сојузни американски држави.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кина не им дозволи влез на претставниците на СЗО кои треба да го истражат потеклото на Ковид-19

Редакција

(Видео+Фото) Улиците на Мариупол се претворија во гробишта

Редакција

(Видео) Трамп: Ниту еден наш војник не загина во нападите од Иран, подготвени сме на се

Редакција