еМагазин
Image default
Македонија

Влада: Немаме никаква поврзаност со ИФИМЕС, несоодветно е повикувањето на македонскиот амбасадор во бугарскто МНР

Владата соопшти дека ја оценува како несоодветна постапката вршителот на должноста амбасадор на нашата земја во Софија, Владимир Крстевски да биде повикан на разговор во бугарското Министерство за надворешни работи за ставови изразени oд трета страна, во анализа која никако не е поврзана со Владата, а е изготвена од Институтот за балкански и блискоисточни студии (ИФИМЕС) од Љубљана.

– Навистина, ИФИМЕС беше ангажиран како реномиран институт за советодавни услуги врз основа на анализите за политиките за превентивната дипломатија и градење мерки на доверба на регионално и глобално ниво, но нивниот договор со Владата на Република Северна Македонија заврши во 2019 година.

Веќе две години овој институт нема никаков ангажман поврзан со работата на Владата, ниту било каков правно обврзувачки обврски со Владата и со Канцеларијата на претседателот на Владата.

ИФИМЕС и пред 2019 година никогаш не бил ангажиран за анализи поврзани со односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, се наведува во владиното соопштение.

Владата нагласува дека и понатаму останува посветена и отворена за интензивни разговори и за пријателски дијалог за што побргу да се дојде до решенија кои ќе поттикнат унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и низ заедничките основи да ја градиме нашата заедничка иднина во ЕУ.

– Очекуваме и иницираме пријателските манири и односи да се интензивираат од двете страни за да можеме час поскоро со Бугарија да кажеме дека “најдовме решение во кое нема поразени” и што поскоро заедно да се справуваме со предизвиците кои ги носи новото време, се нагласува во соопштението на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протесна нота од Бугарија за Македонија оти на Деве Баир била запрена пратка од 920 бугарски книги

Царинската управа за бугарските книги кои беа задржани на граница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По Боки 13, денеска на Јанева е ред да изврши увид во доказите против неа во случајот „Рекет“

Редакција

Продолжува судењето за неамнестираните за настаните во македонското Собрание од 27 април

Редакција

Канческа Милевска на суд: Нови рочишта за „Тендери“ и „Тарифа“

Редакција