еМагазин
Image default
Македонија

Протесна нота од Бугарија за Македонија оти на Деве Баир била запрена пратка од 920 бугарски книги

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева на својот Фејсбук профил информираше дека бугарската Амбасада во Скопје упатила протестна нота до македонското Министерство за надворешни работи (МНР), поради тоа што царинските службеници на Граничниот премин Деве Баир не му дозволиле на бугарски државјанин да внесе во Македонија 920 бугарски книги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Царинската управа за бугарските книги кои беа задржани на граница

„После ова во Белград Захариева на апарати“: Твитер реакции за вакцинацијата на Македонци во Србија

За Захариева, ова е скандал и за тоа ќе ги информирала Европската комисија и амбасадите на членките на ЕУ во Скопје.

„Амбасадата на Бугарија во Скопје упати протестна нота до МНР на РС Македонија за одлуката на царинските власти на ГП ‘Деве Баир’ за запирање на пратка од 920 бугарски книги за Бугарскиот културно – информативен центар во РСМ.

Примероците од ‘Бугарски народни песни од браќата Миладинови’ беа пренесувани од бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, кој на граничниот премин ‘Деве Баир’ го покажал договорот за донација со кој книгите ќе бидат доставени во нашиот културен центар“, пишува Захариева.

Со нотата, бугарската Амбасада бара објасување „зошто се наметнува посебно овластување за увоз на литература од земја членка на ЕУ, што никаде не е регулирано и апсурдно е да се случува во 2021 година во земја која тврди дека сака да влезе во ЕУ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анализа на ИФИМЕС: Бугарски „десант“ на Македонија со пари од ЕУ

Бугарското МНР пак реагираше на анализи на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана. Бугарското МНР соопшти дека македонскиот в.д. амбасадор е повикан на разговор поради кампања што ја водел ИФИМЕС од Љубљана против бугарските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захариева загрижена за самоопределувањето на Бугарите во Македонија, еми што да кажат Македонците во Бугарија

(Фото) Захариева неинформирана: Бугарски културен центар во Македонија има уште од 2005 година

Фото: Захариева/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во едностраната изјава на Македонија за македонскиот јазик

Редакција

Трет случај: Негувателка осомничена за запуштање и малтретирање на две деца

Редакција

Вчера се аплицирани 17.521 вакцини

Редакција