еМагазин
Image default
Македонија

Вчера се аплицирани 17.521 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 473.657 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 4.976 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.521 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 760.961 дози вакцини, а ревакцинирани се 305.804 граѓани.

„Со последните бројки 61% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 58% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 53% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ се вели во соопштението.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Трагедија вечерва во Тетово: Страотен пожар во ковид-центарот, има и жртви

Редакција

Убава вест: 30 оздравени од Ковид-19

Редакција

Детали од Обвинителството за убиството во Рашче

Редакција