еМагазин
Image default
Свет

Сојузната држава Њујорк ќе ја легализира марихуаната за рекреативна употреба

Пратениците на Собранието на американската сојузна држава Њујорк по повеќегодишна дебата се договорија да ја легализираат марихуаната за рекреативна употреба во таа држава.

Лицата над 21 година ќе можат да купуваат марихуана за рекреативна употреба, а ќе биде воспоставен и лиценциртан систем за испорака на производи од канабис до клиентите.

Њујорчани ќе имаат и право да одгледуваат и три зрели и три незрели растенија за лична употреба.

Доколку законот за легализација на марихуаната за рекративна употреба биде усвоен, веднаш ќе стапи во сила, но продажбата ќе може да почне дури за 18 месеци до 24 месеци.

Властите во Њујорк проценуваат дека легализацијата ќе и донесе на сојузната држава приход од 350 милиони долари годишно.

Марихуаната за рекреативна употреба е дозволена уште во 14 други сојузни американски држави.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рускиот опозициски лидер Навални кој беше отруен со нервен агенс, застана на нозе

Редакција

Истражување на „Кембриџ“: Негативното го надминува позитивното на социјалните медиуми

Редакција

Нови проблеми за Европа: Течниот гас од американски производител Freeport LNG ќе пристигне во септември

Редакција