еМагазин
Image default
Балкан

Стејт департмент: Бугарија има сериозни проблеми во судството, со полициско насилство, цензура во медиумите

Властите во Бугарија „преземаат чекори за гонење и казнување официјални лица кои ги прекршиле човековите права, но владините активности не се доволни и неказнивоста е проблем“. Тоа се наведува во годишниот извештај на Стејт департментот на САД за состојбата со човековите права во светот.

Во делот за Бугарија од извештајот, Стејт департментот ги нагласува како сериозни проблеми случаите на „полициско насилство, произволно апсење, сериозни проблеми со независноста на судството, сериозни ограничувања на слободното изразување, вклучително и цензура во медиумите, насилство и закани за насилство врз новинари, корпоративен и политички притисок врз медиумите“ и други.

Владата во Софија генерално ја почитува слободата на говорот, вклучително и печатот.

„Сепак, останува загриженоста дека корпоративните и политичките притисоци, во комбинација со растечката и нетранспарентна концентрација на мрежата на сопственост и дистрибуција на медиуми … значително го оштетија медиумскиот плурализам“, се нагласува во извештајот.

Стејт Департментот нагласува во извештајот за неказнивост на службените лица во коруптивни практики, вклучително и мито, судир на интереси, злоупотреба на средства и кршење на правилата за јавни набавки.

МИА/Фото: Photo by Fred Moon on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државјани на Македонија и Турција шверцувале 4.147 килограми сребрен и златен накит, фатени на бугарска граница

Редакција

„Прегратката е сериозна тема“:  Ново уметничко дело од познатиот црногорски сликар Милутин Обрадовиќ

Силвана Жежова

Застрелан полицаец во близина на Владата на Хрватска, напаѓачот се самоубил

Редакција