еМагазин
Image default
Бизнис

„Алкалоид“ за своите вработени исплати регрес за годишен одмор за 2021 година и го продолжи доброволното приватно здравствено осигурување

Со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, во март 2021 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од 100 % од просечната исплатена нето-плата од работник во претходните три месеци во Р.С.Македонија, информираат од компанијата.

Исплатениот надомест од вработен е во износ од 31.167 денари бруто, односно 28.050 денари нето.

„Здравјето на вработените, особено во услови на светска здравствена криза, е врвен приоритет за компанијата.

Во таа насока, „Алкалоид“ АД Скопје во 2020 година склучи договор за доброволно приватно здравствено осигурување за своите вработени, чија полиса е со важност и во претстојната 2021 година,“ се вели во соопштението.

Групацијата „Алкалоид“ брои 2.420 вработени, од кои 1.860 се во базата во Скопје, а 560 се вработени во подружниците во странство.

Политиката за надоместоци на компанијата е дефинирана во Статутот на друштвото и во Колективниот договор на „Алкалоид“ АД. Грижата за вработените, заедницата, за потрошувачите, акционерите и за сите иматели на удели во компанијата е цврсто втемелена во корпоративната политика на „Алкалоид“ АД Скопје, а таквите заложби ќе продолжат и во иднина, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавна опомена од Македонската берза за Оранжерии Хамзали и Нова стоковна куќа од Струмица

Редакција

Небезбедна серија на сок од брендот ХИПП се повлекува од пазарот

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од Комерцијална банка за 41.000 евра

Редакција