еМагазин
Image default
Македонија

Масовното вакцинирање во СЦ „Борис Трајковски“ ќе почне во понеделник, закажни 3.000 термини

Задутре во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе почне масовното вакцинирање со „Спитник В“ и за тој ден се закажани првите речиси 3.000 термини.

Во оваа фаза ќе бидат имунизирани граѓани од критична инфраструктура – луѓе што работат, МВР, АРМ, новинари, служби од Град Скопје и сите што имаат контакти – возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработените на патарините…

Според планот, вакцинацијата со 20.000 руски вакцини „Спутник“ што ги донираше Србија, ќе се одвива на 48 пункта.

Во салата денеска беше направена проба како ќе функционира и ќе се координира масовната вакцинација – местата каде ќе се прави приемот на граѓаните, потоа индивидуалниот преглед и вакцинирањето, пунктови каде ќе се издаваат потврди со термини за ревакцинација, местото за фижидерите за вакцините…

Ќе има тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени, места за 15-20 минути опсервација по завршување на вакцинирањето и обележани делови за Итна медицинска помош ако е потребно.

Министерот Венко Филипче при посетата на СЦ „Борис Трајковски“ изјави дека на почеток во просек околу 4.000 луѓе на ден ќе бидат вакцинирани низ државата, а верува дека за кратко време ќе се исполни и планот да се достигнат 7.000 термини дневно, кога системот ќе профункционира во целост.

„Верувам дека системот добро ќе фунциноира. Овде го реплицираме на многу поголем простор оној систем што го имавме во модуларната болница каде се вакцинираа здравствените работници.

Верувам дека граѓаните ќе имаат и желба и волја да се вакцинираат. Со доаѓањето нови и поголеми количини вакцини овој месец, ќе се намалува се повеќе старосна граница“, изјави Филипче, кој е задоволен од досегашниот тек на процесот на вакцинација низ пунктовите во земјава.

До вчера се вакцинирани 1.300 граѓани.

За масовната вакцинација, во салата ќе бидат ангажирани и вработени во администрација од Министертство за здравство, здравствените домови, Институтот за јавне здравје.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По пожарот, Генчовска ќе го посети центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Редакција

Денеска четврти обид да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Редакција

Барањата од Декларацијата на бугарскиот Парламент ќе бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ, тврди Мицкоски

Редакција