еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Трагедија: Воз прегази 21-годишно момче од Велес

Воз кој сообраќа на релација Гевгелија – Скопје, денеска околу 11:40 часот во Велес, пред новиот мост „Гемиџии“ прегазил 21-годишно момче, потврдуваат од СВР Велес.

Од Службата за итна медицинска помош, како што информира началникот д-р Василка Пановска Поп Стефанова, нивна екипа била повикана на местото на настанот во 11:40 минути и за жал само констатирала смрт кај 21-годишното момче Т.И. од Велес.

Според првичните сомневања од очевидци прегазеното момче само се фрлило и си го одзело животот.

„Поради настанот веќе два часа сообраќајот во градот е закочен, бидејќи возот го има блокирано преминот кај Нов мост“, информираат од СВР Велес.

Екипи на СВР Велес и јавен обвинител вршат увид на местото на настанот, информира, портпаролот Верољуб Додевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет највисоки нето-плати во април

Редакција

Константинос Николау нов в.д. директор на Цементарница УСЈЕ

Редакција

Убава вест: Во Македонија излекувани 86 лица заразени со коронавирусот

Редакција