еМагазин
Image default
Локално

Шилегов за грчки Етнос: Се надевам дека коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад

Добро е за нашите градови да соработуваат, но за жал, не успеавме да се сретнеме во периодот на пандемијата, вели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за грчкиот портал „Етнос.гр“ и додава дека испратил честитки до градоначалниците на Атина и Солун кога беа избрани пред две години, јави дописничката на МИА од Атина.

-Испратив писма со честитки до општините Атина и Солун кога новите градоначалници ги презедоа функциите. Добро е за нашите градови да соработуваат. За жал, не успеавме да се сретнеме во текот на целиот овој период на пандемија. Костас Бакојанис одговори на моето писмо. Сепак, немав никаков одговор од општина Солун. Со Костас Бакојанис разменивме честитки и за новата година, вели Шилегов.

Скопскиот градоначалник упатил покана до неговиот колега од Солун, Константинос Зервос на 13 ноември да присуствува на одбележувањето на годишнината од ослободувањето на Скопје, меѓутоа поради пандемијата не било изводливо патувањето.

Шилегов оценува дека некои работи во соработката со Солун заостанаа поради коронавирусот, но верува дека по пандемијата брзо ќе се нормализираат односите.

За „Етнос.гр“, скопскиот градоначалник говори и за галиите и ја објаснува одлуката за нивното отстранување.

-За мене приоритет е безбедноста на градот, бидејќи трите лажни галии се наоѓаат во реката и може да предизвикаат штета во градот поради можноста за излевање на водата. Но, освен опасен е и бескорисен проект што не му е потребен на центарот на градот. Не припаѓа на нашата традиција, култура и цивилизација, вели Шилегов.

Во однос на спомениците на скопскиот плоштад, објаснува дека се во надлежност на општина Центар и изразува надеж дека „коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот газда на галијата која се отстранува најави тужба за Град Скопје

(Фото) На трошок на фирмата која управуваше со неа: Почна отстранувањето на галијата кај „Холидеј Ин“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со „Фиат Пунто“ удрил во двајца пешаци во Скопје

Редакција

Штипјанец се обидел да размени фалсификувани евра во менувачница

Редакција

Откако ги убил мајка му и баба му легнал да спие, а следниот ден сакал да го убие и чичко му: Детали од Обвинителството за двојното убиство во Скопје

Редакција