еМагазин
Image default
Македонија

„Тежок“ криминалец од Македонија осуден на 17 години затвор приведен во Хамбург

На 06.04.2021 во Хамбург полициски службеници од Единицата за потраги по лица во Хамбург, Германија во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР го лишија од слобода македонскиот државјанин К.Д., кој се барал со потерници за издржување на вкупна затворска казна од 17 години, соопшти МВР.

„К.Д. е осуден за повеќе кривични дела, меѓу кои разбојништво, поголем број тешки кражби, измами и фалсификување на документи и ќе биде спроведен за издржување на затворската казна.

Оваа акција е резултат од успешната соработка на МВР со германската полиција“, информира МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Треба да сведочат Стефан Богоев и Наташа Петровска: Продолжува судењето за „Меѓународен сојуз”

Редакција

„24 Часа“: Бугарски државјанин по грешка вклучен на листата на повредени лица од несреќата на автобусот на „Беса транс“

Редакција

Владата се откажала од мерцедесот, Заев не се возел со него

Редакција