еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа е хоспитализиран 81 пациент, а вкупно се лекуваaт 698

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје е хоспитализран 81 нов пациент поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 698 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 40 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 16 примени пациенти и 6 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле биле примени 3 нови болни и 12 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 58 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки.

Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 38 болни,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

54% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина

Редакција

Вкупната бројка на заразени од корона вирусот е 430 лица: Потврдени нови 46, половина од нив во Куманово

Редакција

Приведен дебранец поради предизвикување пожар во атарот на селото Бомово

Редакција