еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Се очекува намалување на бројот на вработени во преработувачката индустрија

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март 2021 година е зголемен за 0.3 процентни поени во однос на февруари 2021 година и изнесува 14.5, а во однос на март 2020 година е намален за 0.5 процентни поени, соопшти Државниот завод за статистика.

„Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март 2021, во однос на февруари 2021 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во март 2021 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на март 2020  година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2021 година изнесува 71.1 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21.4 %, неизвесното економско опкружување со 15.9 %, недостигот на квалификувана работна сила со 14.9 % и недоволната домашна побарувачка со 14.2 %“, информираат од Државниот завод за статистика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Состојбите во прерабoтувачката индустрија влошени: Намалено производство и залихи, а ќе се намалува и бројот на вработени

Редакција

Владата донесе Фискална стратегија и Стратегијата за управување со јавниот долг на Македонија за 2023-2025 година

Редакција

(Фото) Проверете на колку рати ќе може да ги исплаќате застарениот долг и трошоците

Редакција