еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Инфлацијата во август 8,3%

Трошоците на животот во август годинава, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 1,2 %, а цените на мало за 1,3 %. Во однос на август лани, пак, трошоците на живот бележат раст од 8,3 %, а цените на мало од 5,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,8 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7%, сирењето и урдата за 3,2 %, млекото за 2,6 %, лебот и житата за 1,6 %, месото за 0,9 %, кафето, чајот, какаото за 0,8 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,6 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,4 %, пивото за 0,3 % и прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,2 %.

Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 11,4 %, воздухопловниот патнички транспорт за 9,2 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 6,7%, ткаенините за изработка на облека за 3,9 %, туристичките аранжмани за 3,3 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето за 2.9 %, производите за домаќинството – нетрајни за 2%, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, фризерските салони и центрите за разубавување за 1,8 %, гасот за домаќинствата, медицинските услуги за 1,5 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, информатичката опрема за обработка на податоците за 1,4 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 1,3 %.

Кај стоматолошките услуги, домашните миленици и сродните производи, услугите за сместување има раст за 1%, фармацевтските производи, електричните апарати за лична хигиена, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,9 %, високото образование за 0,8 %, цврстите горива за домаќинствата за 0,7 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,6 %, услугите за рекреација и спорт за 0,5 %, мебелот и покуќнината за 0,4 %, другото образование, рестораните, кафулињата и слично за 0,3 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, малите алатки и останатите додатоци, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 0,2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај рибата и морските плодови за 0,7 %, маслото и маснотиите за 0,5 %, јајцата, виното за 0,4 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај другите печатени материјали за 1,5 %, обувките за 0,7 %, игрите, играчките и хобијата, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,4 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0,3 % и другите медицински производи за 0,2 %.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфлацијата паѓа, износот за минималната кошничка расте

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Постои уставна пречка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи?

Редакција

Пановски: Од „Фајзер“ има 1,5 смртен случај на 100.000, а од „АстраЗенека“ еден случај на 100.000

Редакција

Расчистен воздухот во Битола и Тетово, престануваат да важат мерките

Редакција