еМагазин
Image default
Македонија

Сослушани сведоци на одбраната во случајот за протестите за пресудата за „Монструм”

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случувањата од 26 февруари за време на протестите за пресудата за случајот „Монструм”, против обвинетите Фабион Идризи и Артон Садики.

На прашање на адвокатот Асмир Алисшахиќ, каде биле дента на 26 февруари, првиот сведок рече дека на 26 февруари со Фабион Идризи, биле на петточна молитва и потоа се упатиле кон ЗУ „Мајчин дом“, од причина што Фабио имал скршеница на раката.

– Со моја кола отидовме во „Мајчин дом“, јас управував. За цело време бев со Фабио, внатре влегов и јас. Таму останавме скоро саат и пол. Целта беше заради терапија на раката. Потоа Фабио го однесов дома, од прилика беше 15 часот, изјави сведокот на одбраната.

Свое сведочење денеска имаше и физиотерапевтот од ЗУ „Мајчин дом“, кој потврди дека на 26 февруари Фабио Идризи, бил кај него и останал до кај 14:50 часот.

На следните рочишта, треба да се продолжи со сослушување на сведоци предложени од обвинетите.

Судењето за овој предмет го води судијата Марин Станевски, а како застапник на обвинението е обвинителката Марија Демирова-Панајотова.

На претходните рочишта, три лица беа осудени со по една години затвор за сторено кривично дело учество во насилна толпа, односно едно лице со осум месеци казна затвор.

На протестите за пресудата за случајот „Монструм” на 26 февруари беа повредени 11 полициски службеници и еден новинар.

Следните рочишта за овој предмет се закажани за 21 и 28 април.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Журки“ без маски во струмичкиот клуб „Аватар“

Редакција

Сите детали: „Синеплекс“ ги објави новите правила за гледање филм во кино

Редакција

Видео од апсењето на седумте македонски државјани кои учестувале во војните во Ирак и Сирија

Редакција