еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Државниот инспекторат за животна средина констатира неправилности во работењето кај фарми во беровско

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) извршил контроли во шест фарми во беровскиот крај. Во некои од нив биле конатстирани неправилности во работењето, по што им е даден временки рок за нивно отстранување.

Државен инспектор надзорот на 14 април изврши надзор во шест фарми во беровскиот крај и тоа Жито Малеш Свињарска фарма АД село Смојмирово, Берово, Боки Тер ДООЕЛ село Умлена, Пехчево, Бранко Миловски, Берово (одгледување свињи и фарма за крави), Блажо Кускински, Берово (фарма за овци), Звонко Цокински м.в. Царев Дол, Берово (одгледување на свињи), и Васко Кракутовски село Смојмирово, Берово (свињарска фарма).

– Интензивното одгледување добиток може да предизвика загадување на водите ако отпадните води од шталите во кои се чуваат животните се испуштат без таложење.

Во свињарската фарма Жито Малеш, (има добиено А интегрирана еколошка дозвола) отпадните води и талогот се третираат согласно параметрите од дозволата, фармата за свињи на Звонко Цокински м.в. Царев Дол, Берово, има одобрен Елаборат за заштита на животната средина и на терен е утврдено дека се применети соодветните мерки за заштита на животната средина.

Кај останатите инспектирани правни и физични лица се утврдени недостатоци во начинот на изѓубрување и истите се задолжени да ги забрзаат постапките околу добивање Б интегрирани дозволи (Боки Тер ДООЕЛ село Умлена Пехчево и Васко Кракутовски село Смојмирово, Берово и во врска со одобрување на Елаборат за заштита на животната средина (Блажо Кускински, Берово).

Бранко Миловски, чијашто фарма не подлежи на изработка на Елаборат за заштита на животната средина, ќе се задолжи да ги исталожува отпадните води пред истите да ги испушти во околниот поток, информираат од Државниот инспекторат за животна средина.

Одгледувањето добиток, велат од Инспекторатот, е важна дејност во целата држава, но фармите мора да ги почитуваат и еколошките стандарди. Со редовни контроли, потенцираат, се обезбедува влијанијата врз квалитетот на реките и на домаќинствата да се сведат на минимум.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Македонските средношколци со бојкот на наставата против загадувањето

Редакција

Инспекциските надзори не утврдиле неправилности на Струшкото крајбрежје

Редакција

Нема место за дивоградбите на крајбрежјето на Охридското Езеро, вели евроамбасадорот Гир

Редакција