Mинистерот за финансии и социјална помош на Црна Гора, Милојко Спајиќ информираше дека оваа држава ги укинува ПЦР-тестовите за туристите од Русија, Белорусија, Украина и Македонија.
„Драго ми е да ве информирам дека сите ограничувачки мерки, вклучително и ПЦР-тестирање, за граѓаните на Русија, Белорусија, Украина и Северна Македонија ќе бидат укинати за посета на Црна Гора оваа туристичка сезона,“ напиша Спајиќ на руски јазик, на неговиот Твитер-профил.
Се очекува наредните неколку денови да биде прецизиран конкретниот датум.
Рады сообщить вам,что для посещения Черногории в туристический сезон 2021,для граждан Российской Федерации,Республики Беларуссии,Украины и Северной Македонии будут сняты все ограничительные меры,в том числе ПЦР тестирование. pic.twitter.com/PJCagyZn5T
— Milojko Spajić (@MickeySpajic) April 20, 2021
Фото: Photo by John Vincent on Unsplash