еМагазин
Image default
Балкан

Има 7 дена да предложи влада: Радев му го врачи мандатот на Даниел Митов за кандидат за нов бугарски премиер

Бугарскиот претседател, Румен Радев, според Уставот на Република Бугарија на партијата ГЕРБ, поточно на поранешниот министер за надворешни работи, Даниел Митов, му го врачи мандатот за формирање нова бугарска Влада.

Радев најави дека очекува ГЕРБ да предложи состав на Советот на министри во рок од седум дена, со што ќе ги исполни очекувањата на јавноста за правда и економски раст во земјата.

Врачувањето на мандатот на Митов за формирање на новата бугарска Влада се случи по завршувањето на политичките консултации со шесте парламентарни формации кај претседателот Радев.

Шефот на државата ги истакна комплексните безбедносни услови, пандемијата, економската и социјалната криза што бараат јасна одговорност и оперативно управување. За ова, според Радев, „потребни се оперативни и одговорни активности за формирање кабинет“.

Се уште не е јасно дали ГЕРБ ќе обезбеди парламентарно мнозинство во 45-то Бугарско национално собрание и дали може брзо да го врати мандатот, како што шпекулираат медиумите во Бугарија.

Според медиумските шпекулации, сосема е извесна можноста Бугарија да добие малцинска влада или да оди на предвремени парламентарни избори во Бугарија уште ова лето.

МИА/Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчките медиуми за историската посета на Ципрас: „Бакнежи и прегратки на црвениот тепих“

Редакција

Грција ќе го промовира брендот „Македонија“ и „македонските“ производи низ светот

Редакција

Москва протера двајца грчки дипломати и забрани влез во Русија за шефот на политичката канцеларија на Коѕијас

Редакција