еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Гласаше на изборите во Албанија: Курти стана првиот премиер во светот којшто гласал на избори во друга држава

Косовскиот премиер Албин Курти вчера гласаше на изборите во Албанија и со тоа стана првиот премиер во светот којшто гласал на избори во друга држава.

„Денеска е ден на демократијата. Ги повикувам сите граѓани да ја почитуваат татковината, со гласање и да го направат најдобриот избор според принципите и вредностите што ги имаат сите. Денот е убав. Така ќе биде до вечерва. Ви посакувам убави денови и благосостојба на Албанија и на секој човек кој, исто како мене, има албански пасош“, рече Курти.

Од огранокот на неговата партија во Албанија, на овие избори има тројца кандидати, кои се тркаат како независни во Тирана, Лежа и Ѓирокастро.

Инаку, Курти најави проширување на неговата партија Самоопределување и во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еди Рама и неговата Социјалистичка партија неофицијално се победници на изборите во Албанија

Кој е Албин Курти кој победи на изборите во Косово: Лани најави дека ќе основа партија и во Македонија

Фото: Курти/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Слушнете ја „Маратон“: Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски ќе ја претставуваат Македонија на детската Евровизија

Редакција

(ВИДЕО) Ќе го тргне ли Бугарија ветото: Заев на средба со Фон дер Лајен, Мишел, Радев и Вархеј во Брдо

Редакција

Кои се најголемите должници на новата листа на УЈП

Редакција