еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Се вози со над 230 километри на час: Казнети 815 возачи за пречекорена брзина во еден ден

Во текот на вчерашниот ден (25.04.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина повеќе од дозволената при што санкционирани се 815 возачи, соопшти МВР.

Од нив, 170 на територијата на СВР Тетово, а 134 се движеле над дозволената брзина на територијата на СВР Куманово…

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Оттаму објавија фотографија на која што може да се види дека возило вози со брзина од 238 километри на час.

Фото:МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маж во Катланово почина откако падна во необележана шахта

Редакција

Цистерна нелегално одлага фекалии во канализациона мрежа во близина на здравствена установа во Визбегово

Редакција

Радовишанка убедила девојка да и даде злато, па избегала

Редакција