еМагазин
Image default
Локално

Обид за убиство: Со пушка сакал да му пресуди по претходна тепачка

На 27.04.2021, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани го лишиле од слобода А.Н.(25) од Скопје и против него до Основното јавно обвинителство Кочани е поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, соопшти МВР.

„Пријавениот, на 26.04.2021 околу 15.30 часот во викенд куќа во с.Пантелеј, кочанско, сопственост на С.Г. од Кочани, по претходна физичка пресметка со Ж.Н.(61) од с.Пантелеј, со огнено оружје – пушка, која неовластено ја држел, испукал еден куршум во вратата од викенд куќата во која бил Ж.Н.

Од страна на судија на претходна постапка на А.Н. му е одредена мерка притвор“, информира МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поднесено обвинение за венецуелскиот државјанин фатен со дрога на скопскиот аеродром

Редакција

Кривична пријава за гостиварец кој му се заканувал на полицаец преку Фејсбук

Редакција

Тешко повреден скопски моторџија во судар со „Фолксваген Туран“

Редакција