еМагазин
Image default
Бизнис

Идната недела разговори со грчките власти за условите за влез во Грција

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дека следната недела ќе има разговори со грчките власти по кои прецизно треба да се знае под кои услови македонските граѓани ќе може да патуваат во Грција.

Засега, рече Филипче, останува најавата дека границите ќе се отворат на 14 мај и дека услов да се поминат ќе биде негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација.

-Тоа беа последните информации. Од тогаш немаме нова информација. Околу 14 мај границите ќе се отворат, а за влез во Грција ќе биде потребно или потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест.

Ќе разговараме следната недела со министрите со кои разговаравме претходно, така да ќе имаме и нови информации, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цела листа на лаборатории за ПЦР тестови за Ковид-19, кои можат да издадат потврда за патување во Грција

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата го усвои усогласениот договор за изградба на гасниот интерконектор со Грција

Редакција

Аутомакедонија лани со намалена добивка

Редакција

Царинската управа за бугарските книги кои беа задржани на граница

Редакција