еМагазин
Image default
Македонија

Советот на Европа регистрира сексистички навреди и закани за силување кон македонски новинарки

Годишниот извештај на платформата на Советот на Европа за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите, објавен денеска од 14 меѓународни организации за слобода на печатот, идентификува 201 инцидент што сериозно ја загрозуваат слободата на печатот во 47 земји-членки на Советот на Европа за 2020 година, јави дописникот на МИА.

Оваа бројка претставува зголемување од 40 отсто во споредба со 2019 година. Рекорден број предупредувања се однесувале на физички напади (52 случаи) и акти на вознемирување или заплашување (70 случаи).

Меѓу случаите во кои новинари биле мета на сексистички навреди и закани е наведен случајот со Тања Милевска, дописник на новинската агенција МИА од Брисел.

Милевска беше жртва на малтретирање на Интернет, кое вклучуваше вербално насилство, како и смртни закани и закани за силување на социјалните мрежи откако на Твитер праша дали унгарскиот премиер Виктор Орбан и Европската народна партија во Парламентот и ЕУ ќе ја признае уставната промена на официјалното име на земјата во „Северна Македонија“ одлучено во 2019 година.

Друг случај е тој со новинарките Мери Јордановска, уредник на А1он.мк и Искра Коровешовска, уредник на ТВ Алфа, кои биле мета на закани и навреди преку Интернет.

Во извештајот на платформата на Советот на Европа за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите се наведени и вербалните напади во некои земји како Србија, Словенија и Турција што биле дело на претставници на јавните власти, вклучително и министри и шефови на држави.

Во годишниот извештај на Советот на Европа, меѓу другото, се анализираат сериозните закани за слободата на печатот, како што е неказнивоста за злосторства извршени врз новинари – вклучително и 24 случаи на убиства на новинари кои досега останаа неказнети – заземање на независни медиуми од страна на државите, вознемирување на судскиот процес, политички притисок врз медиумите од јавниот сервис и надзорот над новинарите.

Исто така се посочува на специфичната закана за слободата на печатот предизвикана од исклучителните ограничувања наметнати во 2020 година на активноста на новинарите со законите и регулативите за итни случаи донесени како одговор на пандемијата Ковид-19.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за образование ќе преземе мерки според ситуацијата со морбилите на терен

Редакција

Милошоски: Најголемите ширачи на лажни вести дека Македонија добила датум за преговори со ЕУ се Заев, Димитров и Османи

Редакција

(Фото) И Филипче со Заев на Конгресот на СИРИЗА во Атина

Редакција