Во периодот од 1.1.2021 до 31.3.2021 година, ТТК Банка АД Скопје, приспособувајќи го своето работење на специфичните економски и пазарни услови предизвикани од пандемијата од вирусот Ковид-19, постигна ефикасна реализација на приоритетните цели и задачи во согласност со деловната политика и со финансискиот план на банката за 2021 година, соопшти банката преку Македонската берза.
„Преку своето редовно оперативно работење, банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 37,3 милиони денари, како резултат на остварени оперативни приходи во износ од 122,2 милиони денари и оперативни трошоци во износ од 84,9 милиони денари.
Во истиот период, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува 25,1 милиони денари.
Финансискиот резултат за периодот јануари – март 2021 година изнесува 12,2 милиони денари, што е за два и пол пати повисок во однос на истиот период минатата година и е резултат најмногу на ефектите од редовните приходи на банката.
Oстварениот позитивен финансиски резултат во првиот квартал од 2021 година е со квалитет што ја зацврстува стабилностa на банката и перспективата за здрав раст во наредниот период.“, информираат од банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На менаџментот на ТТК Банка за надоместоци лани исплатени 180,9 милиони денари
Кои се старо-новите членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка