еМагазин
Image default
ЖИВОТ

РСБСП апелира да се вози внимателно и одговорно за време на празниците

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на претстојните велигденски и првомајски празници, апелира грѓаните да возат внимателно и одговорно и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Според РСБСП, искуствата од минатите години покажуваат дека за време на поразници, особено за време на продолжен викенд, многу често се случуваат сообраќајни незгоди со сериозни и фатални последици.

-Пред нас се неработни денови, продолжен викенд кој најчесто се користи за патување, излети во природа и дружење со семејството и пријателите. Ковид-пандемијата, забраната за собирање во поголеми групи, препораките за социјална дистанца и делумното ограничување на движењето и оваа година ќе остават своја трага и ќе влијаат на тоа како ќе се прослават велигденските и првомајските празници.

Но, и покрај тоа што голем дел од граѓаните чувствуваат одреден немир и потреба за поголема слобода поради мерките за заштита од корона вирусот, потсетуваме дека сообраќајот не е место каде што треба да се троши вишокот на адреналин.

Апелираме да се задржи здравиот разум и одговорноста и максимално да се почитуваат сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот, истакнува РСБСП.

Во сообраќајот, додава Заводот, нема мали и големи грешки. Секое непочитување на сообраќајните правила и прописи може да заврши со сериозни и фатални последици. Последиците и загубите од сообраќајните незгоди се ненадоместливи за да може кој било да си дозволи неодговорно учество во сообраќајот.

-Затоа, возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, почитувајте ја поставената сообраќајна сигнализација, не управувајте со моторно возило ако сте под дејство на алкохол, почитувајте ги правилата за ограничување на брзината и задолжително ставете појас.

Безбедното одвивање на сообраќајот зависи од сите нас поединечно, од нашите лични одлуки и дејства што ги преземаме. Мислете на време за потоа да не се каете за последиците. Бидете одговорни учесници во сообраќајот. Внимателното и одговорно учество во сообраќајот, внимателното возење е основен предуслов за безбедни празнични денови, потенцира РСБСП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре попладне локален пороен дожд со грмежи и засилен ветер

Редакција

Што е смислата на денешниот празник Прочка: „Прости и нека ти биде простено“

Редакција

Проф.Трајковски: „Толку беше со постоечките соеви, а дали новите потсоеви XE, XF, XD на омикрон можат да направат некакво избувнување, ќе видиме најпрво во Европа“

Редакција