еМагазин
Балкан

Хрватите кои прележале Ковид-19 ќе примат само една доза вакцина

Во Хрватска официјално е одлучено дека луѓето кои прележале Ковид-19 треба да примаат само една доза вакцина.

– Сега веќе има доволно податоци дека втората доза по закрепнување од болеста не придонесува за нивото на антитела, рече директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ), Крунослав Цапак на прес-конференција.

Според него, втората доза вакцина треба да ја прими лице кое во меѓувреме се разболело и тоа три до шест месеци по закрепнувањето.

– Наша препорака е луѓето кои ја примиле првата доза на АстраЗенека, да примат и втора доза.

Секој што ја прележал болеста ќе добие една доза вакцина, тоа е официјална одлука. Податоците за времетраењето на имунитетот по болеста покажуваат дека тој трае три до шест месеци, а ние сметаме дека тој имунитет е доволен за шест месеци, рече директорот на ХЗЈЗ.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Хаос во белградскиот трговски центар „Ушче“ по најавата дека граѓаните ќе добијат ваучер, ако се вакцинират

Редакција

Бизнисмени се апсат во Грција, не ги почитувале мерките за спречување на ширење на коронавирусот

Редакција

Автопатот Атина – Солун поради поплавите сѐ уште затворен за сообраќај

Редакција