Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 26 април до 2 мај 2021 година, тестирани се вкупно 14.975 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,6% во однос на минатата недела.
„Регистрирани сe 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=857; 41,5%), со неделна инциденца – 138,8/100.000.
Највисока неделна инциденца од 211,0/100.000 е регистрирана во Виница.
Процентот на позитивност се движи од 9,6% до 17,7%, просечно 13,1%, со намалување за 4,9% во однос на минатата недела“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
118 лица до 19 години заболеле од Ковид-19 за една недела
17 лица биле на возраст од 30 до 59 години: За една недела 167 смртни случаи од Ковид-19
Фото: МЗ