Здравствениот работник Денис Јанкуловски Космонаутко вчера беше дел од тимот во „А1 арена“ СЦ Борис Трајковски и се погоди на работното место додека во посета беа еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, сојузната австриска министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер, премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, по повод помошта од ЕУ во 4.860 дози на „Фајзер“ вакцини, од вкупно предвидените 120.000, кои треба да пристигнат до крајот на летото.
Јанкуловски чиј што придонес во борбата со пандемијата Ковид-19 е од огромно значење, направи космонаутски поздрав до присутните.
Неговата позитивна енергија која ја шири помеѓу граѓаните на кои како вработен во Центар за јавно здравје им земаше брисеви по домовите, не остана не забележана. Јанкуловски пак, откако се отвори вакциналниот пункт е дел од тимот за вакцинирање.
Тој е предложен и за Европеец на годината од страна на Делегацијата на ЕУ во Македонија во категоријата здравствени работници, чие што гласање завршува денеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Македонија на нозе со поддршка за Денис Јанкуловски Космонаутко
(ВИДЕО) “Вакцина“, нов хит на Дац и Александар, во видеото „гостува„ и Денис Јанкуловски Космонаутко
Фото: Фејсбук/Јанкуловски/Инстаграм/Заев