еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Видео) Македонија на нозе со поддршка за Денис Јанкуловски Космонаутко

Подршка за здравствениот работник Денис Јанкуловски, кој го доби прекарот Космонаутко, стигнува од сите страни.

Јанкуловски и стана познат на јавноста минатата година, откако тој беше дел од тимовите кои земаа брисови за Ковид-19 по домовите, а ги освои срцата на сите со позитивниот дух.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денис Јанкуловски Космонаутко е помеѓу предложените здравствени работници за „Европејци на годината“, од страна на Делегацијата на ЕУ

Сега е ангажиран во арената А1 “Борис Трајковски“ и е дел од тимовите за вакцинација.

Деновиве на социјалните мрежи се појави видео од него и неколку други здравствени работници од арената, а сите заедно беа нападнати и од потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, но и од лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

На видеото тие играат на песната „Вакцина“. Дел од видеото за оваа песна е и Јанкуловски.

Како раководството на ВМРО-ДПМНЕ успеа да им најде мана на овие здравствени работници, само тие си знаат, а последниве месеци видовме илјадници видеа од здравствени работници од целиот свет во кои тие играат и пејат, за да го одржат сопствениот дух, но и да дадат и ваков тип на подршка за сите во битката со Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) “Вакцина“, нов хит на Дац и Александар, во видеото „гостува„ и Денис Јанкуловски Космонаутко

Подршка за Космонаутко

Социјалните мрежи се преплавени со статуси за подршка за Космонаутко.

Еве дел од нив:

Јанкуловски: Ја само пјевам, ја само играм, ја немам разлог да се живцирам

На својот Фејсбук се огласи и Јанкуловски.

„Нема да објаснувам што правевме во Борис. Нема да објаснувам кога и зошто го правевме играњето во Борис.

Штом така го злоупотребуваат едноставно сите злонамерници и погани усти не го заслужуваат се тоа.

Не можам да стигнам на секој пост да одговорам, знам дека ме разбирате, (може во 4 сабајле кога ќе станам и ќе кликам :), но во името на сите здравствени работници кои нималку виновни се најдоа на крајно необјаснив, чуден, па и навредлив удар, Ви се заблагодарувам на поддршката која во сите овие 15, а очигледно и натаму месеци и тоа како ни е значајна, нам ни е еден вид елан да издржиме.

ЌЕ ИЗДРЖИМЕ ДО КРАЈ.

Она што уште на почетокот си го зацртав и го практикувам буквално секој ден од 9. март 2020 година наваму, а се со цел полесно да ги минувам напорните денови и да бидам максимално функционален и корисен е: сите неубави информации, особено дезинформации и вакви неочекувани дискредитации на здравствените работници да не допираат до мене.

Затоа што се тоа што може и малку да ме измести од зацртанитот и докажано успешниот начин на секојдневно функционирање ќе се одрази на квалитетот на мојата работа, а тоа уште полошо и пострашно ќе се одрази на оние кои чекаат од мене свесно, совесно и професионално работење.

Затоа и ова оди во фолдер „зар е могуќе бе?!?!“ кој стои негде длабоко во D://.

А јас……јас и понатаму продолжувам со она што го работам и ќе го работам на истиот начин како знам и умеам, комбинација од работа, музика, песна, насмевки, расположение и многу љубов. Затоа што здравјето е токму таа комбинација.

ЗДРАВЈЕТО на моите роднини, комшии, пријатели, познати и непознати, сограѓани. Тие ми се ПРЕД СЕ!!!!

Сакал некој или не, Космонаутизмот зема се поголем замав.

И да, мојот одговор на сите вакви гадости е како и секогаш:

Наоружан само смјешком ходам ја кроз град…..и секако –  Ја само пјевам, ја само играм, ја немам разлог да се живцирам.

Гуш и бац друштво, утре продолжуваме со исто темпо.

Ве сакам,

Ваш, засекогаш ваш и секогаш тука за вас разигранот, распеаниот сељак весељак – Денко Космонаутко“, напиша тој на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Јанкуловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој донирал за претседателската кампања на Арбен Таравари

Редакција

Во прилепско Селце син си го убил таткото

Редакција

Апел за помош: Потребни се само 3.000 евра за младата Менче да ги „фрли“ штаките

Редакција