еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Какво време не очекува за новогодишната ноќ

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од северен правец.

Во текот на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, со појава на магла по одделни котлини.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 11 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Поради послабо изразено воздушно струење на почетокот на следната седмица по одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

25,5% од заразените со Ковид-19 во Македонија без симптоми

Редакција

Неодржување на поголеми јавни собири и спортски натпревари без публика до 13 март, препорачува Владата поради коронавирусот

Редакција

Ќе има ли драстичен раст на бројот на етнички Бугари во Македонија?

Редакција