еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Неодржување на поголеми јавни собири и спортски натпревари без публика до 13 март, препорачува Владата поради коронавирусот

Владата на денешната 14.седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да се продолжи препораката за ограничување на јавните настани со гости од странство, препораката за неодржување на поголеми јавни собири и настани, како и препораката спортските натпревари да се одржуваат без публика до 13 март, и ги утврди како свои заклучоци и препораки до јавноста и до институциите.

На седницата, како што соопшти владината прес-служба, министерот за здравство Венко Филипче информираше за актуелната состојба со коронавирусот во земјата, и ги запозна членовите на Владата со информациите кои доаѓаат од постојаната комуникација со соодветните институции од земјите од регионот, Европа и од Светската здравствена организација.

На седницата, како што се посочува, е прифатена и информацијата дека заради проширувањето на вирусот во повеќе земји од Европа и региони во светот, Институтот за јавно здравје редовно ја ажурира листата со ризични земји и ја доставува до сите членови на Комисијата, како и до сите надлежни гранични служби и до граничната полиција.

На седницата Владата ја прифати и ја утврди и како своја и препораката на Комисијата за заразни болести, царинските служби и туристичките агенции редовно да доставуваат ажурирани списоци со податоци за патниците кои влегуваат во земјата организирано, како и листи со податоци за патниците кои се превезуваат со редовните линии.

Согласно ситуацијата во Европа, ситуацијата во Италија, како и во другите подрачја со поголем број регистрирани случаи со коронавирусот, останува препораката на Владата за сите патници од овие региони, да го пријавуваат влегувањето во земјата и да ги известат здравствените и безбедносните власти на граничните премини доколку се сомневаат дека имаат симптоми кои можат да бидат последица на контакт со корона вирусот, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж од Суботица е првиот заразен со коронавирус во Србија

Бројот на заразени со коронавирусот во Грција порасна на 45 лица

Нема нови тестирани на корона вирусот, на Деве Баир доаѓаат туристи од Јапонија и Сингапур кои ќе бидат прегледани од епидемиолози

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова иницијатива до Уставен за преиспитување на уставноста на Законот за облигациони односи  

Редакција

Османи да ја покани бугарската колешка да клекне пред споменикот во Ваташа и да се извини, повика Мицкоски

Редакција

Замената на сообраќајните дозволи и возачките ќе биде бесплатна, нема да се плаќаат и патните листови

Редакција